Ок е да склучиш брак на 20-22 години. Ок е на 32 и на 42. Ок е и да не се омажиш-ожениш: Знаете ли што не е ок?



Ок е да си у врска. Ок е и да си сингл. Ок е да влегуваш од една у друга врска. Ок е и да си цела вечност сингл. Ок е да се омажиш или ожениш на 20 – 22. Ок е и на 32, на 42. Ок е и никогаш да не се омажиш (ожениш). Ок е да си хетеро. Ок е да си геј. Ок е да сакаш да си седиш дома у папучи и да гледаш вести цел еден век со брачниот партнер. Исто така е ок да го спакуваш ранецот и да патуваш, да откриваш нови светови и никогаш да не останеш на едно место. Ок е со жена ти да идеш да пазариш у КАМ. Ок се и тие што место у КАМ отишле да пијат пиво сами или со друштво на некоја плажа и така цел живот. Ок е да купиш кола каде ќе ги собере вашите 3 – 4 деца и ќе идете на одмор у Пефкохори. Исто е ок тоа што мене ми е доволен само мојот хамак и зелените дрва покрај некоја река. Ок е да сакаш да раѓаш.


Продолжува на следната страна

Страни: 1 2 3