Официјално: Вака ќе се одмора за Нова година и Божиќ



Оваа година и наредната 2018та во јануари согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2018 година неработни денови за сите граѓани на Република Македонија се 01 јануари (понеделник), поточно Нова Година. Потоа за граѓаните од православна вероисповед неработен ден е 06 јануари (сабота), Бадник, кој се паѓа еден ден пред Божик.


Потоа следи 07 јануари (недела), или Божик кој е првиот ден на Божик според православниот календар.

Поради тоа што овој празник се паѓа во недела, и понделникот е неработен ден, односно 08 јануари (понеделник).


Редаикцијата на Lady.mk ви посакува пријатни празнични моменти и успешна нова 2018та година.