Loading...

Одзатнете нос со помош на една состојка која ја имате дома (рецепт)


Познато е дека нашите баби се лекувале со природни и состојки кои ги имаат дом и токму затоа ви го пренесуваме овој чудотворен рецепт за проблемот со затнат нос, пишува Македонија Денес.

Рецептите на нашите баби се медицински евергрини, нешто што никогаш не излегува од мода и нешто по што сите прво посегнуваат кога имаат било каков медицински проблем. Луѓето кои имаат проблеми со алергии, затнат нос, често кивање, треба да го прочитаат овој текст.

Се што ви е потребно засекогаш да се решите од затнат нос е сода бикарбона.

Рецепт: Потребно ви е тенџере во кое ќе налеете вода и ќе ја оставите да зоврие. Кога тенџерето ќе го тргнете од рингла, истурете кесичка сода бикарбона, наведнете се над тенџерето и вдишувајте го испарувањето. Тоа се нарекува напарување. Правете го ова три пати на ден за време на пет дена.

Совет: Преку главата за време на напарувањето ставете пешкир за да топлината и исправувањето на сода бикарбоната не кружат помеѓу површината на водата и вашето лице. После третманот ставете капа, особено водејќи сметка предниот дел од капата да ги прекрие синусите. Обидете се да не излегувате надвор барем половина час за да не ги настинете дополнително синусите.