Одличен почеток на концертниот сериал кој синоќа го приреди Каролина



Новиот албум на Каролина ги израдува фановите, кои деновиве со душа го чекаа да дојде и нејзиниот настап во Македонската опера и балет. Извонреден почеток на концертниот сериал приреди Каролина. Со воодушевување публиката уживаше во новите песни од албумот извор кои Каролина со премногу емоции и чувста им ги пренесе.


Таа синоќа, едноставно блескаше со нејзиното појавување. И тоа траеше се додека не заврши концертот. Каролина е извонреден вокал, и тоа го докажа на првиот од седумтте закажани концерти.

Влезниците се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн за останатите 3 концерти кои ќе следат од 1-3 март.


Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.