Одберете ја вашата омилена вазна и дознајте што е најважно за вас



Изберете ја вашата вазна со цвеќиња, поточна онаа која најмногу ви се допаѓа!


Потоа помислете исто каде би ја ставиле: на масата во дневната соба, на кујнската површина, на ноќното шкафче во спалната соба или во ходникот?!

Ако сте избрале вазна со број:


vazna


1 – Ти си човек со кревка душа. Ти дури и не се обидуваш да ја прикриеш, зашто не можеш. Многу емоции вријат во тебе и тие понекогаш те збунуваат. Знаеш дека добрината ќе го спаси светот и бараш добри луѓе со кои да бидеш опкружен Не ги сакаш досадните луѓе, подготвени по секоја цена да ги постигнат целите. Чекаш да те забележат.

2 – Знаеш што сакаш, следиш внимателно. Ти си упорен човек. Никогаш нема да го оставиш некого во каша. На тебе може да се потпре секој. Ти си одличен раководител, кој умее да ги мотивира подредените и да управува мудро со потребната доза ризик.

3 – Љубовта е најважното нешто за тебе, семејството е во преден план. Ти си роден да сакаш, да се даваш, да се грижиш за некого. Сакаш да патуваш, но со некој близок. Инаку и дома се чувствуваш добро во пријатна атмосфера, која сам си создал.

4 – Ти си упорен, фокусиран, енергичен човек. Ти си изненадувањето на вечерта. Започнуваш последен и завршуваш прв. Најдобриот твој пријател е твојата компанија. Сакаш да се забавуваш. Умееш да се приспособуваш, флексибилен си и лесно наоѓаш решение во тешка ситуација.

5 – поседуваш заслужено самодоверба. Магнетен си. Секогаш правиш добар прв впечаток и даваш респект, доверба и сигурност. Разумен си и даваш одлични совети. Сакаш да ги следиш правилата, но и да создаваш такви. Ти си човек на место !

По местото кое го избра, може да разбереш што е со најголема вредност во твојот живот:

на масата во дневната соба – Пријателите! Собирите, гостите, забавите – тоа е твојот живот.

на кујнската површина – Домаќинството, семејните собири и патувања.

на ноќното шкафче во спалната соба – Сексот! Страста, љубовта, силните емоции.

на портмантото во ходникот – Општеството! Кариерата, мислењето на луѓето и нивното одобрување.