Одбележан првиот роденден на Дуки Дасо Сити Мол



Престижниот бренд Дуки Дасо Сити Мол, го прослави својот прв роденден.


Роденденот се одбележа со многу гости, добра забава и со попуст на целиот асортиман од 20% за сите потрошувачи кои, во текот на денот, го посетија дуќанот и беа дел од роденденската забава.

Како благодарност за верноста, менаџментот на Дуки Дасо Сити Мол додели ВИП картички на најверните купувачи со кои ќе да продолжат да купуваат со попуст од 30 проценти.


Менаџментот на Дуки Дасо Сити Мол објаснува дека, на овој начин, го заокружуваат едногодишното дружење со купувачите.

„Бројот еден означува напредок, успех, раст. Поинаку кажано, го означува се она кон кое се стремевме цела година и кон кое ќе се насочуваме во иднина. Оваа година постоење на Вашиот омилен бренд Дуки Дасо Сити Мол ни значи премногу“, велат од менаџментот.

Duki Daso 1 rodenden

И во иднина, Дуки Дасо Сити Мол ќе продолжи со акциски изненадувања за своите купувачи.

Македонскиот бренд Дуки Дасо постои веќе 15 години е познат по својата стилска и прифатлива мода. Секоја сезона, Дуки Дасо има своја модна линија која секогаш резултира со успех.