Oд толку рамења, баш на неговото да слеташ. Не му треба ништо повеќе на човек



Автор: Драган Таневски


Некој ќе ја сфати твојата вредност, и ќе те чува љубоморно. Нема на никого да те пофали, за никој да не те посака. Ќе те проверува, ќе те кочи, ќе ти ја краде енергијата. На крај, љубомората ќе го заслепи и ќе ти ги исече крилата. И потоа ќе те замрази.

А друг, ќе сфати колку вредиш, па ќе сака на секаде и на сите да им се фали со тебе. Очите ќе му блескаат додека раскажува за сјајот на твоите очи. Ќе те стави на високо место, да фрлаш од својата светлина по целиот свет. Дека е свесен… Имаш ти повеќе од доволно светлина. И ќе ти ги негува крилата. Да можеш високо да се вивнеш. И ќе ужива додека те гледа со восхит. Дека знае он… твојот лет е и негов лет. И ќе се гордее кога питомо ќе му слеташ на рамо. Од толку луѓе, од толку рамења, баш на неговото да слеташ. Не му треба ништо повеќе на човек.