
Женските гради, велат луѓето, се најубавото создавање на природата.
Ние, како сопственици на такви форми, не можеме да не се согласиме. Без разлика на обликот и големината, женските гради се како цел универзум.
Но.
За жал, со текот на времето, тие ја губат оригиналната убава, тесна и извајана форма и полека почнуваат да свиснуваат. Причината за ова е релаксација на таканаречените лигаменти на сврзното ткиво на градите, кое ги држи во облик.
Со текот на времето, ткивото се релаксира, а во градите се формираат повеќе маснотии. Ова предизвикува градите да изгледаат опуштени и “поспани”, објаснува Ана Тејлор од Американската асоцијација на пластични хирурзи.
Многу жени би сториле сè за да го спречат или барем да го одложат овој природен процес. И цврсто веруваат во разни митови кои го одредуваат нивниот начин на живот, но тие не се вистинити.