Од Philips Lumea дневникот на Ирена Чанџуковска: Збогум на поткожните влакна

Поткожните влакна се голем проблем со кој се соочуваат девојките и жените денес, а исклучок не се и мажите. Иако од медицинска гледна точка поткожните влакна не се опасни, сепак тие предизвикуваат црвенило, хиперпигментација, а некогаш дури и мали лузни. Овие влакна кои често создаваат главоболки и нервози се појавуваат по депилација или бричење на влакната. Иако поткожните влакна се безопасни, може да се случи местото да се подуе или да се вцрви, па дури и да се инфицира. Тоа значи дека поткожните влакна не се многу пријатни за гледање. Овие влакна најчесто се појавуваат на пазувите, нозете и бикини зоната. Колку имаме поостри, посвиткани и подебели влакна, толку е поголема шансата да се појават поткожни влакна.

Спасот од поткожни влакна е Philips Lumea, уред кој што овозможува мазна кожа без поткожни влакна со само неколку третмани. Lumea-та на Philips го нуди најдобриот начин за отстранување на влакната од нашето тело во домот. Освен што сето тоа е брзо и едноставно, целата постапка на отстранување на влакната од нашето тело овој фотоделиплатор ја прави безболна. Иновативната технологија на интензивната пулсирачка светлина (IPL)безболно го прекинува циклусот на растење на влакната и за разлика од било која депилација, во целост нè спасува од поткожните влакна, но и од повторно растење на влакната кои што сме ги отстраниле тоа до 92 % по само три третмани во нашиот дом.

Своето искуство со досадните и болни поткожни влакна ни го сподели Ирена Чанџуковска од Битола која што е среќен корисник на Philips Lumea.Таа ни открива дел од својата среќна приказна.

„Со години се мачев со поткожните влакна. Едноставно имав страв од депилација бидејќи потоа моите влакна не само што стануваа потемни, поцврсти и подебели, тие растеа косо и влегуваа во мојата кожа. Не само што тоа не изгледаше убаво, поткожните влакна беа и многу болни. Се заинтересирав за да го решам мојот проблем бидејќи сакав без срам да облечам бикини за на плажа или пак некое кратко здолниште во топлите летни денови. Истражував и дојдов до заклучок дека постои совршено решение за мојот проблем.

ph2Како се започна?

Како и сите така и јас бев скептик кога читав за Lumea-та и за решавање на проблемот со несаканите влакна, но откако го имам, се уверив дека тоа е најдоброто нешто за секоја жена која што има сличен проблем како мојот.

Го поседувам моделот Lumea BRI953 со 3 додатоци: за лице,за пазуви и бикини зона, и за нозе и раце.

Првиот третман го направив само на нозете и рацете, чисто да видам како ќе реагира кожата и дали влакната ќе се изретчуваат. Кога го правев првиот третман бев малку збунета и цело време се прашував дали правилно го користам бидејќи целата постапка ми изгледаше многу едноставно за да биде вистинито J . Во упатството е многу убаво објаснето како се користи, но сепак кај мене постоеше мал сомнеж дали сè правилно правам.

Би било неблагодарно е да речам дека после првиот третман видов веднаш резултати, но бев упорна и по вториот третман кој го направив после 2 недели, веќе почна да се гледа очигледната разлика. Бев пресреќна. Најпрво, со помош на иновативната пулсирачка технологија која што е вградена во Lumea-та и истата е целосно безболна, лесно ги отстранив влакната на бикини зоната, нозете, рацете и пазувите.

Потоа направив втор третман на истите места и веднаш забележав дека влакната почнаа побавно да растат и не беа толку црни и цврсти како порано. Тие беа и значително пократки во однос на тоа што ми беа пред да започнам да го користам овој омилен уред на Philips.

После 2 недели го направив третиот третман и бев воодушевена. Си реков – конечно се ослободив од влакната.

ph3Кога ги видов резултатите после третиот третман, решив да се обидам и на лицето. Пулсирачката светлина е вистинско чудо!

Посебно сум среќна и задоволна што Lumea-та за која што сонував и посакував да ја имам еден ден ја добив на подарок, кога по сосема случаен избор бев избрана од страна на еден од нашите портали. Сега сум навистина среќна – го имам фотоепилаторот кој што е благослов за секоја девојка која што има проблем со влакнатоста и поткожните влакна.

Јас и мојата Лумеа

Она што можам да ви го кажам е – Моите резултати по само 6 месечно користење изненадуваат.

1.надусници и брада: влакната бавно растат и се намалени за околу 85%

2.пазуви: влакната бавно растат и се намалени за 90%

3.нозе и раце: влакна бавно растат, скоро и да немам и доколку се појават некои влакна тие се ретки и тенки

4.бикини зона: изретчени за околу 80%.

Но, најважно од сè е што се решив од поткожните влакна кои вистина ми претставуваа проблем.

Моите совети и ритуали

  • Имајте на ум дека, пред употреба на Lumea-та кожата треба да биде издепилирана и да нема влакна (бидејќи ако има некое влакненце ќе мириса на изгорено)
  • Не нанесувајте креми или лосиони за тело пред третманите
  • Исто така, најдобро е третманите да ги правите на студена кожа. Јас најчесто ги правам навечер, откако ќе се релаксирам од напорниот работен ден.
  • Третманите се апсолутно безболни – единствената “болка” што ќе ја почувствувате е само мало пецкање, дури и како голицкање на понежните делови на телото како под пазувите на пример.

И за крај, мојата најтопла препорака за сите оние кои го бараат решението со несаканите влакна (а овде ги ставам и поткожните) – Обидете се со Lumea и ќе разберете за што зборувам!

————————————————————————————————————————–

Па девојки? Ова е искуството на една од задоволните девојки кои ја користат Lumea.  Доколку сакате да дознаете повеќе за Lumea, посетете ја страницата www. lumea.philips.com.mk.

И како цреша на шлагот, доколку во одлуката за долготрајно мазна кожа без влакна игра и цената, достапен е ексклузивен попуст од 20% на Philips Lumea во продавниците на Neptun и Setec.