Од недискриминација, до развој на општеството. Заврши првиот „Фестивал на инклузија“



Во понеделникот (24.10.2022), во “Тренд – Гастро Бар“,од страна на „Здружението за афирмација на правата на лицата со попреченост-Икуалити“, беше организиран првиот „Фестивал на инклузија“


На фестивалот  кој започна со мисија за прославување на животот преку уметност, учество земаа студиото за танц „Еурека“, преку изведбата на инклузивната претстава „Рефлексија“, пијанистката Ема Ананиевска, како и инклузивниот„Трисомија 21“ и „Колектив Ветерница“. Фестивалот го поддржаа и Игор Џамбазов, Дани Димитровска и познатото дуо ДНК.

„Фестивал на инклузија“ е почеток на една позитивна приказна во овие непредвлидливи и предизивикувачки времиња, кој има за цел да ја разбуди емпатијата кај младите, да се олесни размената на искуства и да се укаже на важноста од почитување на меѓусебните разлики.


Ова е само почеток на една традиција која ќе биде отслик на емаптија и срдечност меѓу сите учесници во општеството.

Сите оние кои сакаат да помогнат и пружат поддршка, тоа може да го направат преку официјалниот сајт на Здружението – организатор и неговата продажба во хуманитарни цели и целите за организација за наредните настани кои ќе се одвиваат низ целата земја.


http://www.equality.agency/shop