Од денес нов временски шок



Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува умерен, на места повремено и засилен ветер од северозападен правец.


Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до 10 степени.


До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Во петок и за време на викендот по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Од сабота ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во недела.

Граѓаните на Македонија во следните неколку денови ќе можат и понатаму да уживаат во прекрасната сончева убавина и во прекрасното време кое не потсетува како рана пролет.


За време на викендот кој доаѓа поточно во сабота во текот на денот од запад облачноста полека ќе се зголемува со што во попладневните и во вечерните часови како и во текот на ноќта кон вторник ќе има локално врнежи од дожд кој ќе бидат повеќе застапени во западните и во северните предели. На повисоките места како и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Повремени врнежи од дожд на ниските и снег на планините како и на некои од повисоките места ќе има и во недела. Локално врнежите можно е да бидат и малку поинтензивни.

Во недела ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец кој особено на повисоките места и на планините ќе се засилува по интензитет.

Што се однесува до температурите на воздухот истите ќе бидат во позначителен пораст и за викендот ќе се движат некаде во интервалот од -3 до 4 степени додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот до 6 до 13 степени.

Временската прогноза ја подготвија од meteomax.mk