Обожавателките на Сара Џесика Паркер револтирани од стилот



Сара Џесика Паркер секогаш се облекува екстравагантно, а на својата колекција чевли во Nordstrom, таа се облече доста пренатрупано, во кој ништо не изгледаше добро како комбинација.


Одделно секој дел од визијата и е одлична (можеби без овие хулахопки), но не и во слична комбинација. Сара облече убав црвен чипкаст фустан на Dolce & Gabbana, под која имаше бела кошула, во прилог со ѓердан – ресни, сиви транспарентни хулахопки како клин и шик црни чевли од својата колекција.

На интернет просторот се појавија секакви коментари за овој аутфит, велат од емодно, со кои обожавателите на ѕвездата од “Сексот и градот” го искритикуваа изборот на модната икона :


” Тоа изгледа лошо “, “Ми се допаѓа само нејзината коса и шминка”, “Господи , тоа ли е начинот на кој таа мисли дека сакаат да изгледаат нејзините клиенти!”

” Единственото нешто што можам да видам во оваа визија е Pantyhose и чевлите со каишки. Велам едно големо не ! Апсолутно ужасен аутфит.”


“Навистина, што се случува со неа во последно време? Таа е млада девојка која експериментира со облеката или баба, која си игра со гардеробата … ”

Што е вашето мислење за визијата на Сара ?