Обилен дожд, грмотевици и долги ракави ќе ни бидат потребни уште неколку дена



Во текот на изминатата ноќ на многу места низ Македонија имаше врнежи од дожд па така најмногу дожд наврна во Пожаране и тоа 40 л/м2. Најмалце наврнат воден талог имаше во Охрид и тоа околу 15 л/м2, пишува метео24.мк.


Денес доцна попладне и во вечерните часови како и во текот на ноќта кон вторник територијата на Македонија ќе биде зафатена од нова влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.

Поради сево ова насекаде ќе има врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе биде ИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 40 л/м2 воден талог.


На некои места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд , грмежи и засилен ветер. Локално овие процеси можно е да бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ.

Во текот на предстојната ноќ на највисоките планински места се очекуваат врнежи од СНЕГ.