Ново истражување открива: Најздравите и најумните деца се раѓаат од мајки на ..



30-годишните мајки ги раѓаат најпаметните и најпознатите деца, утврди британско истражување, соопшти изданието “Метро”.

Кога мајките раѓаат за прв пат во 30-те години, децата им покажале повисоки когнитивни резултати. Тоа значи дека возраста на мајката е директно поврзана со интелектуалниот и здрав развој на нејзината рожба.


Децата родени од 40-годишни жени, се со поголема веројатност да развијат прекумерна тежина.

30-годишните жени се подобро образовани, имаат повисоки примања, најверојатно одржуваат стабилна врска со својот партнер, живеат здраво, бараат женска консултација порано и порано ја планираат својата бременост, посочуваат експертите.