Станува збор за луѓе со непривлечен изглед, кои се фалат дека се “сапиосексуални”. Тие не вежбаат, не можат да се пофалат со добра физичка форма, не живеат и не се хранат правилно, но се претвораат во сексуално атрактивни поради начинот на размислување и изразување.
Важноста на поимот е поединец кој е привлечен поради менталните способности.
Значи, сапиосексуалност е однесување при кое индивидуата е привлечена или се возбудува од интелигенцијата и употребата на истата, и ја наоѓа интелигенцијата како најсексуална особина. Односно, на сапиосексуалците не им е важен толку многу изгледот, туку колку нивниот партнер е паметен и интелигентен.
Германскиот “Билд” минатата година напиша дека сапиосексуалност е збор кој сите треба да го знаат.
“Ова е нов збор за заведувањето преку интелектот – луѓето дошле до заклучок дека соговорникот им е толку умен, дека е исто и секси”, појаснува весникот.