Новиот поп-пејач Мите Пауноски со видео запис



Поп-пејачот Мите Пауноски е ново лице на македонската музичка естрада. Тој сними спот за песната “Далеку од очи, далеку од срце”. Песната е снимeна во студиото на Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката и на аранжманот, а текстот е дело на Магдалена Цветкоска Ена.


Освен Мите, во спотот се појавува и убавата Дијана Најдова. Спотот се снимаше на повеќе локации: Маврово, Охрид, Струга и Кичево. Спотот го реализира Горила Филм.

Мите Пауноски живее и работи во Австралија. Тој цврсто верува во своите идеали за многу нови синглови и спотови. Допрва се очекуваат многу убави рефрени отпеани од Мите.