Нови вируси нe демнат на Фејсбук



Неколку нови вируси заразија илјадници компјутери оваа недела. Заразите доаѓаат на различни начини и според стручњаците, крадат не само информации, но и пари. Шемата е едноставна. Ваш пријател на Фејсбук качува клип со непристојна содржина. Вие го забележувате. Тој не го сторил тоа, си велите, но љубопитноста преовладува. Потоа кликнувате!


Само во текот на изминатата недела, фаталниот клик со глувчето го направиле илјадници интернет корисници.

Благодарение на искуството и антивирусната програма, можете да успеете да го спречите вирусот.


Покрај тоа, социјалната мрежа нуди и опција при која, секој пат кога отвораме профил, да добиеме SMS со код и само откако го воведеме, Фејсбук ни станува активен.