Новата замена за шеќер – урми



Пастата од урми го заменува штетниот бел шеќер, а истовремено е полн состојки добри за вашето здравје  – влакна, калиум, калциум, витамини А, К, Б.


Белиот шеќер не само што е штетен, туку е целосно лишен од било какви нутриционистички вредности, и ги краде вредните нутритиви од вашиот организам.

Еве како да го замените и да пробате нешто ново:


1 шолја урми

½ шолја обична или вода од кокос


Нека киснат урмите во водата 30 минути или додека да омекнат. Потоа ставете ги во блендер со водата на најголема брзина додека не се испасираат убаво. Префрлете ја пастата во добро затворен сад и во ладилник може да ја чувате до 2 недели.