Новата палата на Бритни Спирс (галерија)



Поп ѕвездата Бритни Спирс купи нова палата во Thousand Oaks, Калифорнија. Имотот се наоѓа во комплексот White Stallion Estates, до Westlake Boulevard, пишува celebritynetworth.com.


Цената на новиот дом на Спирс е 7,4 милиони долари. И тој изгледа мега луксузен и импресивен – со големи колони, мермерни подови како во класичната италијанска архитектура, со аркообразни прозорци и елегантен и импозантен мебел. На имотот има и голф и винарија со дегустација на вино.

Во 2013та година зградата е предложена за продажба по цена од 11 милиони долари, но изгледа Бритни успеала да ги убеди за пониска цена.