Новата колекција на македонскиот моден бренд Bella – Premium day & night 2015/2016



Без разлика на динамичноста, Bella во својата нова колекција става акцент на елеганцијата како секојдневие на модерната жена.


Дневен или вечерен, бизнис или коктел изглед, низ креативниот дизајн и гламурозната линија, моделите елегантно го обликуваат секојдневието на жената, потенцирајќи ја нејзината женственост и моќ.

Колекцијата нуди богат и гламурозен изглед со впечатливи висококвалитетни материјали како брокат и рајон. Уникатноста пак, се крие во рачната доработка на некои од моделите.


Пораката на оваа колекција е само потсетување дека елеганцијата може да биде дел од секојдневието на секоја жена. Затоа, превртете го вашето секојдневие и бидете дама која е секогаш стилски изградена, амбициозна и се грижи за својот изглед.