Нов обид за киднапирање дете во Ново Лисиче



Вчера во скопската населба Ново Лисиче сред бел ден била нападната жена додека го носела своето дете на лекар. Според луѓе блиски до нападнатата, жена со црна коса и наочари и пришла на неа и со цел да и го одземе вниманието ја прашувала каде се новите згради, а за тоа време, маж се обидел да го грабне детенцето кое било во количка, но за среќа тоа било врзано, пишува а1он.мк.


Жената почнала да бара помош, а двајцата веднаш избегале. Според информациите, во близина немало ни луѓе ни автомобили.

Претходно, мажот и жената во сина астра караван се обидоа да грабнат деца и во населбата 11 Октомври во Кисела Вода и во населбата Драчево.


Според извори на А1он и овој случај, како и претходните е веќе пријавен во полиција. Граѓаните загрижени за своите деца очајно бараат поактивен ангажман од полицијата, но досега нема никаков исход од нивното постапување.