Никола Тесла: Жените стануваат посилни од мажите, и физички и ментално



Никола Тесла објаснил зошто никогаш не се оженил во дамнешна 1924 година во ексклузивно интервју за Galveston Daily News.


Тесла најпрво истакнал дека жената е посупериорна во однос на мажот, но и дека така било некогаш. Денес, наведува научникот, таквата жена исчезнала, а на нејзиното место „дојде жена која мисли дека нејзиниот главен успех во животот е во тоа што повеќе да се изедначи со мажот, во облекувањето, во гласот и постапките, во спортовите и достигнувања од секаков вид“.

„Жените стануваат посилни од мажите, и физички и ментално. Светот искуси многу трагедии, но според моето мислење најголема од сите трагедии е сегашната економска состојба во кое жените се натпреваруваат со мажите и во многу слачи навистина успеваат да ги заземат нивните места во професии и индустријата. Оваа растечка тенденција на жените да ја фрлат машкоста во сенка претставува знак за пропаѓање на цивилизацијата“ , кажал Тесла.


Тој тогаш додал дека сите достигнувања на мажите биле инспирирани од љубов кон жената, но дека жените наместо победници станале жртви.

„Во нејзиниот живот нема задоволство, амбициозна е, често повеќе од своите природни способности, да досегне се што посакува. Жените пречесто забораваат дека не можат сите да бидат примадони и филмски ѕвезди“, кажал Тесла.


Научникот тогаш истакнал и дека поради тоа нашата цивилизација ќе потоне во состојба која ја наоѓаме кај пчелите, мравките и другите инсекти – во која мажите безмилосно се убиваат.

„Во таа матријахална империја ќе бидат заведени женски правила“, навел Тесла.

Извор: Македонија Денес