Никогаш не правете го купатилото на црвено. Која боја треба да бидат другите соби?



Иако бојата која исполнува одредени простории зависи од многу фактори, вклучувајќи ја и нивната намена, има бои кои никако не се препорачуваат на пример во кујната, купатилото, спалната соба …

Купатило – затоа што во овој дел од домот управува елементот вода, не би требало да преовладува црвената боја, кој е во конфликт со водата. Тука се препорачуваат светли бои.


Кујна – најдобрите бои за кујната се жолтата и зелената боја. Жолтата е елемент од земја која дава храна, а зелената е боја на изобилство. Може и црвена боја, бидејќи претставува оган, со кој се готви. Иако во кујната има и вода, треба да се балансираат овие два елементи со додавање на зелено.

Современите кујни често пати се од дрво и природни бои на дрво, што е добро, бидејќи ја намалува борбата помеѓу водата и огнот, истовремено го потхранува огнот. Треба да се избегнуваат сини кујни, иако на прв поглед изгледаат интересно, не го одвлекуваат вниманието од готвењето. Белите кујни изгледаат чисто, но се стерилни, во нив нема живот. Ако имате кујна со неповолни бои, ставете поволни нијанси. Пополнете го ѕидот, додадете чаши или садови со боја која ќе одговара.


Дневна соба – во оваа соба прифатливи се многу бои особено жолтата, бидејќи создава чувство на заедница, поттикнува разговори и комуникација.

Спална соба – во неа истовремено може да има сина боја, бидејќи стимулира опуштање, смирување и спиење.