Што ако се вљубите во женет човек



Во една навистина длабока врска ќе чувствувате желба да зборувате за убавите нешта, да споделите идеи и впечатоци. Сексот ќе биде само убав прилог на оваа хармонија. Ако тој не ве тера да брзате, тоа е знак на почит и адекватен однос кон вас. Љубовта умее да чека, а нестрплива е и страста. Ако тој сака “сè, тука и сега”, нема да одолеете на неговите провокации.


Ако уште вториот ден ви кажал “те сакам” и изјавил подготвеност да побара развод и да се омажи за вас – тоа е знак на инфантилност.
Многу е веројатно неговото семејство веќе одамна да сака да се ослободи од него и тој само да си бара резервна опција. Ако пак имањето желба да бидете заедно е предизвикано од силни чувство, и двајцата спокојно може да почекате малку – една недела или дури и една година.

Човек кој брза премногу, најверојатно бега од проблемите, а не трча кон вас. Ако тој ги слуша зборовите и желбите, значи сака да биде долго со вас. Страста е слепа и глува.


Ако тој и неговата постојана партнерка веќе имаат деца, вистинската љубов ќе се манифестира во взаемниот интерес за децата на другиот. Тој нема да ја одбегнува оваа тема, ниту пак да се оправдува за своето минато, велат од изданието woman.

 


Страни: 1 2