Неверојатно! Овие две девојки се близначки (Фото)



Луси и Марија Елмер се близначки, иако никој не верува, кога ќе се запознае со нив. Причината е дека двете девојки се … сосема различни!


Луси има светла кожа, црвеникава права коса и сини очи, додека Марија е целосна нејзина спротивност – со кадрава црна коса, темна кожа и кафени очи. Вистината е дека разликата меѓу 18-годишните сестри, се крие во мешаното потекло на нивните родители – татко им е бел, додека нивната мајка е половина од Јамајка.

“Никој не ни верува дека сме близначки, поради фактот дека јас сум бела, а Марија темна. Дури и кога ќе се облечеме подеднакво, ние не изгледаме како сестри. Пред да се запознаеме со своите пријатели, тие не ни веруваа и требаше да им ги покажеме документите за раѓање “, вели Луси.