
Несреќна е брат… иако ја гледаш насмеана стално. Несреќна е затоа што е приморана да се помири со непомирливото. Со површното и плиткото. Со самрачното. А како бе, како да се помириш со тоа? А толку сакаше да блесне во полн сјај. Ама сите не сакаат така, па и викаат – гаси, гаси, ќе не ослепиш. И ете ја, оди по светот трепкајќи ко светулка за да не ги ослепи, иако во себе носи Супер-Нова. Живот ли е тоа бе брат? А се што и требаше е некој доволно храбар да и рече – светни кукле, светни, ама до даска. Нека ослепат!
Автор: Драган Таневски