Несакани гости за свадбата



Да ја подготвите листата со гостите за свадбата може да биде тешка задача. Сакате да ги поканите сите ваши најблиски и најмили луѓе, но истовремено сакате да бидете сигурни дека никој од нив нема да го расипе големиот ден. Постојат неколку луѓе, кои можат да го попречат среќниот момент за вас.


На вашиот свадбен ден сигурно треба да бидете најважната личност, но може некоја од гостинките тенденциозно и да облече најблескава тоалета.

Со поранешниот дечко може и да бидете во пријателски односи, но не треба да го поканувате на свадба. Ако биде поканет, тој ненамерно може да го уништи вашиот голем ден. Ако вашиот пријател троши премногу алкохол ќе биде склон да прави скандали потоа, па размислете добро пред да го поканите. Се разбира, можете да го замолите за ограничување на внесот на алкохол, но не можете да му верувате целосно.


„Чукнатите“ роднини се кошмарот на невестата. Едноставно затоа што тие се твои роднини, не значи дека треба да ги поканите на свадба. Тие можат да го расипат вашето расположение од утрото со коментар во врска со изборот на фризура, фустан или ресторан и да продолжат со „подвизите” на самата церемонија. Игнорирајте ги, вие треба да бидете среќни овој ден!

Без разлика колку се обидувате да докажете дека сте подготвени да се омажите, може да има некој кој не го одобрува овој брак (ваш пријател или родител) и тоа може да доведе до многу стрес. Вие сте единствениот човек кој ќе одлучи дали ќе се омажи и не дозволувајте некој да ве оптоварува, но не заборавајте да донесете правилна одлука.


Има многу гости, кои ќе присуствуваат со своите деца. Ако тие се многу мали, ситуацијата може да излезе надвор од контрола побрзо отколку што мислите. Вие не сакате да го поминете целиот ден, слушајќи детски пискотници и плач на родители. Ако има некој кој ќе се грижи за децата, или да обезбедите посебно катче за нив, тогаш не се двоумете да ги поканите.

Посветете повеќе внимание на листата на гостите при планирање на вашата свадба, за да си гарантирате навистина среќен и незаборавен ден.