Неочекуваната причина поради која жените ги измамуваат своите партнери



Испитувањето на Институтот за семејни студии открило дека 16. луѓе признале дека имале секс со повеќемина други освен со својот партнер – но причините за измамата варираат. Новите податоци на онлајн дејтинг сервисот Ashley Madison сугерираат една битна причина поради која жените повеќе измамуваат – затоа што чувствуваат дека можат да бидат искрени со измамникот, пишува Refinery29.
Всушност, истражувањето покажало дека тоа била главна причина зошто жените измамуваат, додека мажите велат дека за нив измамата е лесна бидејќи „има многу луѓе кои се отворени за афери“.
И’, додека злобата може да биде една од причината за измама, тој чин може да произлезе од потребата на лицето за самоисполнување и не мора да има никаква врска со лицето кое го измамиле, вели за Insider, Естер Перел, терапевтка за парови и авторка на книгата „The State of Affairs“.
„Конечно прават што сакаат. Парадоксално, додека ги лажат партнерите, некогаш се наоѓаат во таа чудна ситуација во која можеби прв пат не се лажат себе“.
Недостатокот на интима, недостатокот на самоконтрола или страв од стареење исто така може да доведе до измама.
Но, која и причина да е во прашање, сознанието дека партнерот ви го направил тоа може да биде многу болно искуство. Но, сфаќањето на мотивацијата за тој чин би можело да помогне во оправување на врската – или барем состојбата да ја направат поподнослива за сите вклучени.