Немате клима? Разладете се со овие трикови



Ако немате клима уред или не сакате да имате, ви даваме неколку совети со кои ќе се разладите.

Мокра крпа на прозорецот – отворете го прозорецот и на отворот ставете влажна крпа.

Коцки мраз пред вентилаторот – ставете чинија со коцки мраз пред вентилаторот.

Студена када за нозе – потопете ги нозете во студена вода, што е соодветно за во домашни услови и е трик пред спиење. Ладењето на нозете го опушта целиот организам.

Ледени чорапи – особено во топлите ноќи, ледени чорапи помагаат многу на сонот. Пред да си легнете ставете пар чорапи во фрижидер и облечете ги пред спиење. Истиот ефект може да се постигне со маица или со прекривката на перницата.

Кој од наведените трикови според вас е најефикасен?