Loading...

Неколку видови мажи, од кои треба да се пазите, за да не ви биде срцето скршено


Само оние кои веќе се соочија со неверството, знаат колку тешко се прифаќа вакво нешто. Кога една жена разбере дека е измамена, нејзините чувства, емоции и мисли се претвораат во еден голем хаос. Болката, понижувањето и јадот се задолжителните нејзини сателити.

Додека луѓето се уште не можат да погледнат во иднината на нивните врски, еден автор тврди дека тој може да помогне на дамите да го забележат потенцијалниот измамник уште пред да биде премногу доцна. Со својата книга ” Зошто мажите изневеруваат ” психологот Мартин Стјуарт сака да им помогне на жените.

Тој користел анализирање на мозокот, анонимни анкети и математика, за да ги пресмета видовите личности кои е најверојатно да изневерат. Мартин Стјуарт исто така ги оценува и објаснува причините за нивните активности . “Нашето општество е изградено врз леснотија. Таа има за цел да ги задоволи егоистичните потреби”, смета психологот.

Стјуарт, кој има над 15 години искуство во областа на психологијата, ги цитира топ причините за машкото неверство : страв од недостаток на нешто потреба од тоа мажот да се чувствува “некој” и пребарување на задоволство, пишува весникот Daily Mail.

И така, еве и неколку видови мажи, од кои треба да се пазите, за да не ви биде срцето скршено :

– Дамите треба да се чуваат од мажи кои се ноќни птици, сакаат да се напијат и да седат до подоцна со пријателите. Кај нив има многу голема веројатност да изневерат.

– Со мажот – манипулатор жените исто така треба да имаат едно на ум. Тој секогаш е таинствен и секогаш може да го направи другиот човек виновен.

– Мажите кои прво дејствуваат, а потоа мислат исто така се потенцијални изневерувачи. Кај мажите опортунисти исто има опасност да изневеруваат, бидејќи тие имаат корист од секоја шанса што им се дава.

– Класичниот женомразец исто би изневерил со леснотија. Тој не се возбудува од својата девојка, кај него недостасува било каква форма на емпатија.