Loading...

Неколку трикови со кои ќе мирисате поубаво и подолго


Мирисот е многу важен за перцепцијата на еден човек. Дури и да имате скап и убав парфем сепак, може да немате многу пријатен мирис. Меѓу најчестите грешки се таложење на различни мириси на кожата или постојаното вбризгување на течноста на краток временски период.

Еве и неколку трикови со кои ќе го зачувате мирисот подолго време:

1. Дајте и време на аромата

Често по првото вбризгување не сте задоволни со мирисот, кој го дава. Тоа е сосема нормално. Не брзајте да триете со сапун или вода барем првите 10-15 минути пред да се впие во кожата.

2. Изберете неколку клучни точки

Зоните, во кои најчесто ставате парфем се зад ушите, на зглобовите, а понекогаш и меѓу градите. Дезодорансите пак се вбризгува под пазувите, а не по вратот!

3. Не мешајте два силни аромати

Многу луѓе уживаат во дезодорансите и парфемите истовремено. Во денешно време има дезодоранси кои се со неутрален мирис, а мирисаат само откако се приближите до местото и тоа дискретно. Парфемите од своја страна се потешки и се во редот на нештата тие да ја даваат основната арома. Ако поседувате мириси од една серија, па дури и тие да се посилни, нема проблем да ги употребувате истовремено (дезодоранс, рол-он, парфем, пудра).

Страни: 1 2