Таа мора да знае дека секогаш може да се врати дома. Што и да се случило.
Запамти дека исто како пеперутка, еден ден и таа ќе ги рашири крилјата и ќе полета. Уживај во нејзините години, во кои е сеуште гасеничка.
Секоја година на нејзиниот роденден напиши и писмо. Дај и ги писмата кога ќе замине да учи, или кога ќе стане мајка. Или пак кога ти мислиш дека има најголема потреба.
Научи се да и веруваш. Колку повеќе расте, толку повеќе слобода давај и. Таа ќе се воспитува според очекувањата кои ги ставаш пред неа.
Денес таа тргнува кон вратата, за да оди на училиште, утре веќе ќе биде далеку. Не трепкај.