Неколку совети за татковците кои имаат ќерки



  • Вистинска магија е да ја носиш на грб. Прави го тоа сега, додека грбот ти е силен, а таа е уште мала.
  • Таа со нетрпение ќе чека да се вратиш од работа навечер. Немој да доцниш.
  • Ако мама ја запише на часови по клавир, погрижи се и ти да бидеш таму. Не грижи се што нема други татковци. Загубата е нивна.
  • Никогаш немој да го пропуштиш нејзиниот роденден. По 10 години нема да се сеќава што си и подарил. Ќе запамети дали си бил таму.
  • По лош сон најверојатно ќе сака да легне до тебе и мама. Тоа е убаво нешто.
  • Постојат многу малку работи на овој свет кои може да ја смират плачливата принцеза подобро од татковата рака. Никогаш не го заборавај тоа.
  • Може да посака да и купиш коњче за роденден. Ако не живеете на фарма , не и купувај пони за роденден. Но сепак можеш да изнајмиш.
  • Не ја опсипувај со многу подароци. Наместо тоа подари и неверојатни искуства кои можете да ги имате заедно.
  • Страни: 1 2 3 4