Радувај се на секој миг кој го имате заедно. Денес таа ползи низ куќата во пелени, утре ќе и ги дадеш клучевите од колата и пред да си почувствувал, веќе ќе ја испраќаш до олтарот. Некој ден, наскоро, да поминува време со тато нема да и биде најсупер работа на светот. Животот се случува доста брзо.
Моли се за неа. Редовно. Страсно. Постојано.
Танцувај со неа. Започни додека е уште мала. Не чекај до денот на нејзината свадба.
Купи и патики слични на твоите. Нема секогаш да сака да носи исти чевли како татко си.
Кажи и дека е убава. Кажувај и го тоа повторно и повторно.
Дозволи и да го држи воланот. Таа секогаш ќе се сеќава како нејзиниот тато и давал да го прави тоа.
Страни: 1 2 3 4