Неколку совети: Како да „си ја средите“ вашата омилена чанта ?



Во случај ако пудрата или сенките навистина се истурат во чантата, користете марамчиња за шминка. Тие ќе исчистат многу добро.


Каде ја држите чантата? Не ја ставајте во премногу ладни површини, а кожата не е добро да ја држите на директна сончева светлина. Ова може да ја промени бојата и текстурата на материјата. Кога не носите чанта, не ја оставајте празна и стуткана. Ставајте во неа неколку најлонски кеси, кои ќе ја задржат нејзината форма.

Ако држите неколку торби накуп во шкаф или на полица, не е добро да се една до друга! Кожата треба да дише. Затоа, најдобро е да ги чувате на закачалка или во посебни кутии.


Никогаш не ставајте во чантата премногу работи. Тоа може да го промени обликот и нејзината структура.

За да отстраните гума за џвакање, залепена за чантата, користете четка за заби.


Под одредени услови, може да ја перете кесата во машина за перење. Може да звучи лудо, но понекогаш кожната торба, исто така може да се испере во машина за перење. Ова важи сепак само за старата торба, која и онака има мека и неправилна форма, тип торба. Но ако чантата е нова и со тврда форма, никогаш не ја перете на овој начин.

 

Страни: 1 2