Неколку совети: Како да „си ја средите“ вашата омилена чанта ?


Кога инвестирате солидна сума во квалитетна чанта, тоа е мудра инвестиција. Но, со неа доаѓаат и специјалните грижи. Не е секогаш толку лесно да влезете во продавница и да купите друга.

Затоа ви препорачуваме неколку совети како да ја одржувате вашата чанта:

Хидратирајте ја кожата на чантата. Од време на време добро е да ја премачкувате чантата со вазелин за кожа или во краен случај и со обичен крем за раце. Ова го спречува формирањето на пукнатини и запира продлабочувањето на гребнатини. Користете мека четка за да ги отстраните нечистотиите на кожата.

Ако на чантата се формира дамка што не се мие, користете бебешка пудра. Посипајте малку врз флеката и оставете ја преку ноќ. Наутро дамката или ќе исчезне сосема, или ќе избледи. Секогаш користете козметички несесер во кој ќе ја носите козметиката во женската чанта. Дури и еден кармин е доволен за да направи големи штети. А ако се истурат сенките со блескавите честички може да ви отежни повеќе во чистење.

Продолжува на следната страна:

Страни: 1 2