Неколку работи од Господ – за бракот



Светата тајна брак или венчание е света тајна преку која Светиот Дух ги соединува во едно битие христијанинот и христијанката, кои пред свештеникот непоколебливо ќе изјават дека целиот свој живот взаемно ќе се сакаат и еден на друг ќе си бидат верни и кои примаат благослов за раѓање и воспитување на деца.


Како Бог ја благословил првата брачна заедница?

Господ Бог во Рајот ги благословил нашите прародители Адам и Ева и им рекол: „ Раѓајте се и множете се и наполнета ја земјата“.


Какво е единството меѓу мажот и жената во бракот?

Тоа е нешто најблиско од сите човечки односи, зашто е речено:


„ Човекот ќе го остави таткото свој и мајката своја и ќе се соедини до жената своја и ќе бидат обајцата едно тело“.

Дали Господ Христос го потврдил овој стар закон за бракот?

Да. Тој ги повторил истите зборови на Стариот Завет и зборувајќи против разводот на бракот додал:

„Што Бог соединил, човек да не раздвојува (Мат. 19, 6).

Дали Господ Исус Христос го осветил бракот?

Тој го осветил бракот со Своето присуство на свадбата во Кана Галилејска и со претворањето на водата во вино на таа свадба.

Дали со тоа Тој му дал подлабока смисла на бракот?

Да, исто како што водата се променила во вино, така со Неговото присуство телесната љубов се менува во духовна љубов на две души.