Неколку извадоци од љубовниот роман „Те љубам – тоа е вистината“



1. Авионот полетува за Скопје.
„Марио, мило“, му шепотам на Марио легната на неговото рамо, а тој чита некое британско списание.
„Да, љубов?“
„Знаеш… многу пати се плашев деке ќе те изгубам. Се плашев, мило“.
„Никогаш не сум помислил на тоа, мила“.
Се замислувам за филозофијата на животот.
Секогаш кога се потпрашувам зошто се случило тоа, зошто страдам, зошто ме остави, зошто уште еден пораз… затоа што сѐ се случува со причина – ќе ми одговорат мудрите. Затоа што тоа така требало да биде, ќе ми одговорат спокојните. Затоа што така сакал Господ, ќе мудруваат продуховените. А, сепак, јас пак не сум уверена. Ако е со причина, која е причината? Ако е милост Божја, зошто тој нема подобри работи за мене? Одговорот и не го добив се додека не почнав да не се грижам. Кога научив да живеам сплотено, без грижи, тогаш научив и да љубам, и да губам, и да плачам, но и да се смеам и да си шепотам во мене: Сепак, секој со својата среќа. А јас сум среќна жена и љубена.

2.


Само ме гледа со тие сјајни зелени очи со бои на кристално море. Неговите раце посегнуваа по моите коси, ме погалуваа нежно. Оф, колку е тоа прекрасно. Но, му ја тргам раката, нема така лесно да потпаднам во неговата игра.
„Во твоите очи има неизмерна тага, а се отсликува прекрасна душа“, со некоја милност констатира симпатичното момче.
„Навистина ли?“ зачудено запрашувам.
„Вистина. Треба да ја победиш тагата. Овде нема да ти помогнат. Пронајди ја љубовта, таа е лек за сѐ“.
„Љубовта не е за секоја будала“, констатирам.
„Само будалите си ја пронаоѓаат вистинската љубов“, низ насмевка ми вели.
„Ја имаш ли ти пронајдено вистинската љубов?“ продолжува да мудрува.
„Најверојатно не, зашто не постои“, констатирам.
„Ти си само разочарана и огорчена. Љубовта сама ќе си дојде. Само дозволи да те сакаат и љубовта ќе пристигне“….

3. Постојано се плашeв длабоко во себе дека ќе го изгубам, дека не сум достојна за неговата љубов, и се остварија моете непосакувања и стравови. Тогаш кога стравотот деќа љубена личност ќе не остави ќе го победиме во себе и ќе поченеме да живемее за денес тогаш ние вистински љубиме. Тогаш кога иднината наместо амбиција и планирање кон перфекција ќе биде неоптоварување, тогаш почнуваме и да живееме. Вистински да живемее. Ако ве обвини вашиот љубен дека немате планови за иднината. Дошепнете му, дека си само пион на недоскажаното. Проклетство од човек. Трагичен пророк по смислата на живото. Планинираме едно, а излегува сосема нешто друго. Колку повеќе ги заплеткуваш своите мисли кон перфекционизам толку побрзо бегаш од прекрасното, а се заљубуваш во совршеното. Ти вистински не љубиш. Совршенството не постои, дури ни совршенството не би можело да се созаде во нашите мислички, зошто тие и покрај тоа што се шарен пак и фали некој нијанса за да бидам совршени и секогаш ќе фали кога и ќе додадете уште една нијанса. Затоа љуби го прекасното, она што го гледаш пред тебе, она што го допирша, она што ти шепоти те сакам, она што бие под градите на кое заспаваш, оние усни кога те пробудува, а ти токму тоа, многу го мразиш. Сонот е најсладок наутро, но убавната на утрото е непроценлива, а и волшебно е кога вистински љубиш. И пак планови, и повторно излегува сосема нешто друго. Без љубов плановите не би имале смисла…


Извадоци од ,,Те љубам – тоа е вистината“.