
Како девојките, така и момчињата сакаат изненадувања и тој би се радувал на секој еден романтичен гест. Ако ги сакате односите со дечко ви да се развиваат се подобро, убаво е од време на време да правите неколку работи за партнерот.
Ви нудиме неколку изненадувања, со кои ќе го израдувате вашиот пријател или пријателка и тоа без многу напор.
1. Наместо да одите во кафуле или да си седите дома, понудете на партнерот да се сретнете во некој изолиран парк или на плажа и да направете една романтична прошетка само двајцата.
2. Подгответе му романтична вечера. Доволно е, додека готви, да бидете само по престилка, без ништо под неа. Некаде дури може да ја извадите престилката и да отидете директно на десертот.
3. Предложетеда ја поминете вечерта надвор со пријателите и ветете дека нема да се јавувате постојано, за да го проверувате. Слободата е нешто многу важно за секој човек и вашето момче ќе остане пријатно изненадено, ако му дозволите малку забава без вас.
Текстот продолжува на следната страна
Страни: 1 2