Неколку едноставни трикови кои го подобруваат нашиот сон



Алкохолот е еден од најголемите непријатели на сонот, а тука влегува дури и чашата црвено вино, за која се тврди дека е здравата препорачана доза од течноста. Во исто време алкохолот дури го зголемува ризикот од развој на болести како ноќна апнеја.


Без досадници во спалната

Секогаш треба да сме сигурни дека човекот со кого делиме една постела, не прави среќен. Студиите покажуваат дека среќните лица и парови спијат мирно кога се заедно.


Затоплете ги екстремитетите пред спиење

Допирањето на рацете и нозете до шише топла вода додека сме во легната положба, влијае значително на заспивање. Ако немате шише со топла вода под рака, носењето чорапи во креветот исто прави добра работа.

Истуширајте се пред спиење

Иако нема многу категорични научни докази, овој трик му помага на телото да се опушти и полесно да се оддаде на длабок и мирен сон.

Најди агол на блаженство во мислите

Многу луѓе кои страдаат од несоница, се жалат дека мрачни и несакани мисли ги држат будни. Студиите покажуваат дека фокусот на пријатни слики во нашите умови, додека си лежиме во креветот, можат да не натераат да заспиеме спокојно.

Слушајте музика

Класичната музика пред спиење помага за релаксација на телото и значително го подобрува спиењето. Ако не сте фанови на класиците, секоја омилена песна врши работа.

Ставете мирис со лаванда во собата

Мирисот на лаванда им помага на младите мажи и жени да спијат подлабоко и да се будат свежи.

Страни: 1 2