Неколку едноставни трикови кои го подобруваат нашиот сон



Да спиеме спокојно се ‘почесто се претвора во невозможна мисија, особено кога водиме бурен начин на живот, а секојдневието ни е исполнето со задачи и стрес. Ненаспаноста не прави и помалку ефикасни и влијае на нашата здравствена состојба, бидејќи не прави нервозни.


Еве неколку едноставни совети кои можат да ни помогнат да заспиеме побрзо, пишува Business Insider.

Без осветлување во собата


Иако звучи целосно очигледно едно од погрешните работи кои ги правиме во текот на спиењето, е да ги оставаме светлата во спалната вклучени.

Силната светлина го тера мозокот да смета дека сеуште е ден и го спречува лачењето на хормоните кои имаат фундаментално значење за здравиот сон – на пример таков е мелатонинот.


Држете го телефонот подалеку од креветот

Бројни студии докажале дека долгото зјапање во екранот на смартфонот, компјутерот или таблетот пред спиење влијае негативно врз заспивањето.

Кафето е целосно непотребно

Често мислиме дека кофеинот ни помага да се избориме за симптомите на сонот, но излегува дека кафето влијае негативно на лесниот сон.

Алкохолот – надвор од менито

Страни: 1 2