Еве некои работи, за кои треба повторно да размислите доколку посакате врска со колегата:
Тајната
Ако имате врска со колега, подобро да криете. Ако кажете на барем еден од колегите, многу веројатно е до крајот на неделата и чистачката да дознае. Дури и да се кул луѓето, колегите може да почнат да ве гледаат со друго око и двајцата.
Тајната сепак може да го уништи и вашиот однос. Колку време можете да издржите, со криење? Не излегувате заедно во паузата премногу често, бидејќи е сомнително. Не можете да земете одмор во исто време, бидејќи е сомнително или затоа што едноставно нема да се случи. Се лишувате од елементарни секојдневни работи, својствени на обичните парови.
Тој е шеф
Покрај времето и местото, љубовта не почитува и хиерархија. Може да го најдете партнерот во животот во лицето на директорот, да бидете среќни заедно и да се надополнувате, но вие останувате негов потчинет. Колку и да ве убедува во спротивното, тоа не е точно.
Страни: 1 2