Не за џабе е кажано, „Во здраво тело, здрав дух“



Но, модерното живеење и брзиот живот не ни остава доволно простор да обрнеме внимание на нашето здравје. Сепак како еден од најбитните фактори за подобро функционирање доволно е дневно малку грижа да си дадеме самите ние, посебно во овие студени денови. Малку повеќе да се обрне внимание на исхраната, како на пример : повеќе витамини, протеини, овошје, салати, секако дека и внесувањето на што повеќе природни производи има големо влијание на доброто здравје. Внесувањето витамини нека ви стане секојдневна навика со која ќе го подобрите своето здравје.  Сите знаеме дека брзата храна е вкусна, но запрашајте се како влијае на вашето здравје, секако дека тешко може да се одолее на брзата исхрана, но сепак колку помалку ја внесуваме ќе се чуствуваме подобро.


За подобро здравје исто така се препорачува да се биде активен со било каков вид на спорт, денес е тоа олеснително, благодарение на нашето окружување. Потребна е само желба, како пример можам да ви го дадам кејот на Вардар кој располага со долга патека која може да се искористи за трчање, пешачење, возење велосипед, прошетка со вашите блиски. Исто така го имаме и Водно, на кое може да се рекреирате да се тргнете од градскиот метеж и воздухот за кој сите сме свесни дека е штетен по зравјето. Доколку имате можност, одете на планина, или било која друга дестинација, чистиот воздух и релаксацијата ќе ви даде енергија,  сето тоа влијае на здравјето, секако дека ќе ве опушти и тргне од секојдневните обврски.

Здравјето ќе ви биде подобрено со малку физичка активност, тоа е научно докажано. Си го подобрувате крвотокот, му правите детоксикација на организмот, ги трошите масните ткива, ги затегнувате мускулите, повеќе сме отпорни на стрес и имаме подобар имунитет, кој ни е потребен посебно сега во овие зимски денови. Променливото време си има и свои лоши страни, настинки, грипови, на кои човековото тело не е отпорно и доколку не обрнеме внимание тоа доведува до комплицирање на нашето здравје. Со неколку лесни и секојдневни трикови тоа може да се промени. Докажано е дека секое утро е пожелно да се пие млака вода со лимон, тоа е едноставна рутина со која ќе си го подобрите целокупното здравје и утринско функционирање. Се подобрува варењето на храната која ја внесуваме во текот на денот, побрзо варење на истата и еден вид прородна детоксикација на телото. Секако да не запоставиме дека лимонот има и доста витамини кои се одлични за нашето здравје, како витаминот Ц кој го подобрува нашиот имунолошки систем.


Како што напоменав, модерниот живот си носи и свои последици кои се доста видливи. Лошото здравје и не водењето грижа се доста видливи фактори со кои се среќаваме секојдневно. Тоа доведува до зголемен секојдневен замор, главоболки, несоница. Убаво е да се посети и некоја медицинска установа, со тоа си помагаме самите на себе. Немора да се чека последен момент за да се посети некоја установа или да се побара совет од медицинско лице. Сето тоа е за наше добро, за подобро здравје и одржување на истото. Како ефективно решение на заштеда ги препорачуваме здравствените понуди на kupinapopust.mk кои опфаќаат широк спектар на здравствени услуги.