(Не) вистините за витаминот Ц



Витаминот Ц штити од настинки. Масовна практика е во зима родителите наутро да им даваат на децата витамин Ц.


Не е точно дека е безбеден. Секое лекарство во поголеми дози носи ризик. Дневните потреби од витамин Ц е 60 мг за постари лица, а за деца 45. Најмалите таблети се од 100 мг. Кај пушачи, возрасни и некои болести потребите се поголеми.

При систематско предозирање, особено со препорачаните од некои 3-4 грама (3-4000 мг.)


Штити од кардиоваскуларни болести. И тоа не е сигурно. Во 2008 година во САД е направена студија која опфаќа 15 илјади лекари волонтери. Во текот на 10 години половина земале секој ден по 500 мг. витиман С, а другите – не. На крајот на периодот заболените од кардиоваскуларни болести во двете групи бил ист. Истражувањата со други витамини (Е и В) доведоа до истиот резултат.

Витаминот Ц штити од рак. Нема цврсти докази за тоа. Точно е дека редовната консумација на овошјето и зеленчукот се покажува за превентивна мерка во борбата против ракот, но со нив освен овој витамин се прифаќаат и многу други витамини, микроелементи, влакна. Последните ги чистат токсините и вишокот на масти од стомакот и нивната улога во превенција на ракот е голема.


Го забавува стареењето. Звучи утешително, но недокажано. Освен од гените, времетраењето и квалитетот на живот зависат од начинот на живот, исхраната, спортувањето, животните ситуации, стресот, начинот на размислување (позитивното размислување е основа за добро здравје). Да се ​​потпрете исклучиво на витамин Ц е прилично наивно.

Покрај тоа научниците докажаа дека усвојувањето на витамини влијае негативно и на друг начин. Луѓето кои пијат редовно витамини, се залажувале дека прават нешто за здравје и не обрнувајте внимание на начинот на живот.

Страни: 1 2