(Не) вистините за витаминот Ц



Нема попопуларен лек од витамин Ц. Дали навистина е лек сеприсутниот витамин или уште е мода во медицината?


Легендите за овој витамин датираат од далечни времиња, кога морнарите страдале од непцата што крварат (скорбут), бидејќи при долгите патувања немале под рака овошје како извор на витамин Ц.

Тој ги зајакнува крвните садови и го намалува крварењето, во случајот од непцата. Бенефитот од витамините е неоспорен за организмот – Тој е моќен антиоксидант, ja помага функцијата на ензимите, учествува во синтезата на колагенот и оттаму во цврстината на садовите, ја фаворизира апсорпцијата на железо од организмот итн.


Тој е незаменлив при грип и настинки. Точно е. Под влијанието на вирусите настапува оксидативниот стрес на организмот со сите непријатни последици – треска, температура и слично, а витаминот Ц е моќен антиоксиданс и неговата корист при грип е очигледна. Особено ако се земе во природниот изглед од свежо овошје и зеленчук.

Според американските научници, кои го истражувале дејството на витамините, само природните (од храната), благотворно делуваат на организмот. Затоа исцедете неколку портокали, наместо да трчате до аптеката.


Страни: 1 2