
Не се сакало чоек..
Е како бре ?..
Да не се сака чоек..
Што ти седи на срце ..
И диши за тебе ..
И ќе те опули ..
Онака милно ..
Не со очите…
Ами со душата..
Ќе сетиш ..
То не е играчка..
То е сакање..
И сега ..Пукни си …
Оти без сакање ..
Не бидува …
Не е само плукни залепи..
Ејј.. Ами е живеачка …
Без љубов , ко без памет..
Ќе ака душа пуста ..
Векот цел ..Ко низ вилает..
Зато , се рекло ..Убо…
Да се има ..
Мерак , ниет за неа ..
Од векој борба ..
Паѓале цареви , круни ..
За тој мерак…
И сега нова мода …
Без ниет , без севда ..
Дрн , дрн … Прикаска ..
Ова мадиве …
Ѓоа така било мода …
Секој сам по сам…
Ко риба без вода ..
А бре не си играјте ..
Играчки , плачки..
Векот е еден , брзо со врвит..
Се сака чоек , …
Ништо со него не се мерит..
Тој ќе те опулит..
Тој ќе те згрнет..
Тој ќе те чует ..
И кај него ќе заспиеш..
Еми така ..Како поинаку ..
Оваа младината..
Само прискокува …
Окол , наокол…
Автор: Оливера Ширговска..08.10 2018..