Не се откажувај кога имаш мајка која те сака! Имаш мајка која ќе ти ги залечи раните!



Кога животот ќе ти остави рани на лицето, рани од годините низ кои си поминал, луѓе кои не те разбрале, цели кои не се остварени, не очајувај!


Не се откажувај од животот, не се откажувај, кога имаш мајка која те сака, мајка која ги разбира сите твои неуспешни обиди кои ти донесоа товар од разни болести. Остави ги на неа. Господ знае зошто се случи така, само уште малку да се предаде на неговата волја и се ќе испадне добро на крајот.

Кога животот остава рани на телото, длабоки емотивни рани од пријатели кои на почетокот ти биле многу блиски и на кои си им верувал и им дал се, но на крајот те разочарал, кога животот остава повреди од луѓе кои се преправале дека се со тебе а беа таму само додека работите се одвиваа добро, додека си имаа свои интереси, не почнувај да мразиш, не размислувај за одмазда, ќе паднеш во маѓепсан круг кој ќе те вовлече во нови болести. Имаш мајка која ќе ти ги залечи раните!
Текстот продолжува на следната страна


Страни: 1 2