Не очекувавте: Што се случува во нашето тело кога пиеме Кока-Кола



Луѓето ја консумираат, бидејќи е слатка и зависна. Знаете ли сепак што се случува со вашето тело кога ја пиете?


Првите 10 минути: Содржината шеќер влегува во вашиот систем. Не една, туку 10 лажички! Ако каснете толку многу шеќер, ќе повраќате. Сепак тоа не се случува поради фосфорна киселина, која го убива овој сладок вкус.

По 20 минути: шеќерот во крвта го покренува нагло нивото на инсулин. Кога течноста влезе во црниот дроб, тој почнува да ја претвора во масти.


По 40 минути: апсорбирањето на кофеинот е завршено. Шеќерот во крвта се зголемува, зениците се прошируваат. Како резултат на тоа црниот дроб ќе генерира и исфрли уште масти и шеќер во крвта. Рецепторите на аденозин во мозокот се блокираат. Тоа од своја страна ја намалува сонливоста и заморот.

По 45 минути: Допаминот – хормонот на среќата – почнува да се произведува во мозокот. Кога пиете Кока-Кола, неговите нивоа се зголемуваат. Тоа го активира делот од мозокот одговорен за задоволствата. Хероинот делува на истиот принцип.


По 1 час фосфорната киселина го обединува во едно калциумот, магнезиумот и цинкот во дигестивниот систем. Тоа го забрзува метаболизмот на телото. Вештачките засладувачи пак ќе го принудат уринарниот систем да исфрли калциум, наместо соодветните азотни отпадни производи. Диуретските својства на кофеинот пак ќе ве натераат да одите доста често до тоалетот. На овој начин ќе го исфрлите цинкот и магнезиумот. Сето ова може да доведе до кофеиново предозирање. Токму поради оваа причина, важно е да прифаќаме Кока Кола во умерени количини, за да ги избегнеме негативните ефекти на шеќерот, фосфорната киселина и кофеинот.