Не ми кажувај што е љубов.. Таа не се раскажува, ниту се пишува



Љубов е..
Не ми кажувај што е љубов..Таа не се раскажува , ниту се пишува ..Неа и еден тон хартија не ја собира …Таа не знае да раскаже …Таа живее…И се додека живее , ќе не има и нас…
Љубов …Гледам сите пишуваме , и јас исто…Но дали , дали насмевка го краси лицето , или пак воздишки се кинат од градите додека пишуваме ?
Љубов …Дали знаеш што е ?…
Едноставно е ..
Љубов е ..Кога ќе ја затвориш влезната врата од куќата , и ќе ја отвориш вратата од душата , и ќе го разбудиш срцето ..Ќе го исклучиш мобилниот телефон и воопшто нема да ти биде гајле за селфито од некој , за патувањата , сликите , и се она што го зачинува овој виртуелен свет …
Кога ќе погледнеш во тие очи , и во нив ќе го пронајдеш сето тоа што ти недостига …
Умората од талкање и угодување наоколу ќе ја предадеш во рацете на човекот кој би го дал и последниот здив за тебе ..


Страни: 1 2

Maktel