Не е се’ во косата: 6. причини поради кои жените ги обожуваат ќелавите мажи



„Така барем знам дека не одам со дете“
Повеќето мажи делат ист страв, а тоа е дека кога – тогаш ќе останат без коса.
Но, ќелавоста и не е така страшна, напротив, многу жени претпочитаат мажи без коса. Меѓу сопругите и девојките на ќелави мажи е спроведена анкета и тие ги откриле најчестите причини поради кои „жените паѓаат на ќелави“, од кои се издвоени шест најинтересни:
1. „Ќелав маж е вистински маж. Така знам дека не одам со дете“.
2. „Степенот на хигиена кај ќелавите мажи е многу голем. Секогаш се уредни, редовно се бричат и имаат повеќе разбирање за женските навики за депилација“.
3. „Никогаш не го краде мојот шампон“.
4. „Ќелавите мажи се многу секси, а надобри примери се Џејсон Стетам, Брус Вилис и Вин Дизел“.
5. „Капите и шеширите се најдобри пријатели на ќелавците, што нам ни дава широк избор за одлични подароци“.
6.„Мажите кои ја прифатиле својата ќелавост и ја претвориле во секси оружје се сигурни во себе. Има ли нешто попредизвикувачко од маж со самодоверба?“.